Градското дерби за КЛ, после бодот во Струга денеска три во Скопје

Ракометарите на КЛ 7 освоија три бода на дуелот против Јуниор Кисела вода победувајќи со 30:18 во натпревар во кој беа во поголема предност уште од 5. минута.

После ремито во последната секунда во Струга, сега беше фатен добар ритам и обезбедана победа така што тимот на КЛ 7 најавува подобри натпревари во продолжение од сезоната.

Неизвесноста на оваа средба траеше само неколку минути. Откако домашните поведоа со 1:0 гостите вратија со два гола, но потоа како да застанаа. Од 4. до 11. минута немаа ниту еден погодок, а потоа следниот дојде во 20. минута.

Овој момент играчите на КЛ 7 го искористија за да стигнат до предност од седум гола и веќе водеа со 10:3 така што беше тешко да се продолжи. Предноста растеше, но на одмор се замина со со 15:7.

Во продолжение немаше ништо ново. Обидите на гостите да се вратат и да израмнат не даваа резултат. Тие не успеаја да намалат туку домашниот состав стигна и до плус десет гола разлика што овозможи во завршницата да се одигра мирно.

Денеска КЛ 7 одигра подобро од својот ривал така што победата беше заслужена и секако ќе биде мотив плус за средбите кои следуваат во Групата А од Супер машката лига. Тимот на Јуниор Кисела вода, пак, после триумфот над Астраион не можеше да го одржи истиот ритам, па рано се помири со пораз на оваа средба.

25 октомври 2020
30 - 18
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 октомври 2020 15:23 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 25.10.2020 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГОЛДЕН АРТ1530Победа
ЈУНИОР К.В.718Пораз

ГОЛДЕН АРТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ѓорги Ерманоскиголман00
4Дејан Џигероскицентрален бек01
5Александар Стојковдесно крило07
6Филип Крстескипивот01
7Никола Цветаноскилев бек02
10Симон Гуческилево крило05
11Игор Ѓоргиевцентрален бек02
14Кристијан Симоноскипивот12
17Божидар Илиескицентрален бек00
19Мартин Димовскидесен бек25
22Евгениј Темелкоскидесно крило01
23Емилијан Ѓорговскилев бек03
25Андре Буторацдесен бек21
26Марко Стојковиќпивот10
31Глигор Гајиќцентрален бек10
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 730

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
16Адриан Костадиноскиголман00
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило01
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот00
5Мартин Бошковскипивот11
6Стефан Крстескидесно крило00
7Бојан Маневцентрален бек02
9Дамјан Трајковскицентрален бек01
10Филип Ролевскидесно крило02
12Александар Стојаноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек12
24Немања Милутиновиќлев бек00
30Антонијо Пешевскилево крило00
88Томче Трајчевскипивот00
97Жарко Барјактаревиќдесен бек29
 Вкупно 418

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115