Го навредуваше Балканот и судиите од Црна Гора, го „почестија“ со 1.000 евра

Дисциплинската комисија на ЕХФ која беше дел од Европското првенство во декември во Норвешка донесе одлука со задоцнување за селекторот на Данска, Јеспер Јенсен.

Стратегот на селекцијата на Данска, кој разочаран што остана без медал со неговите девојки ги критикуваше судиите од Црна Гора, Јелена Митровиќ и Анџелина Кажанегра и ги обвини дека поради нив останале без медал.

„Ова беше смешно. Нас ништо не ни судеа, а на Хрватките сè. Ова изгледаше како да игравме на Балканот пред 20 години, кога однапред знаевте дека ќе загубите и ќе бидете имамени. Судијките цело време вршеа притисок на нас, сето тоа потсетуваше на периодот пред 20 години, кога играчите и арбитрите трчаа на теренот и разговараа на балканските јазици“, рече тогаш Јенсен после дуелот за 3. место.

Овие коментари сега го чинеа казна од 1.000 евра, а има право во рок од седум дена да поднесе жалба на оваа одлука од страна на Дицсиплинската комисија.

Скандалозна изјава на данскиот селектор: Ова беше смешно, како да игравме на Балканот пред 20 години!