„Го играме еден од најважните натпревари во историјата, ако ја победиме Македонија…“

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска игра важен натпевар против Турција од квалификациите за ЕП 2024 година.

Селекторот на домаќините, Окан Халај, вели дека ова е еден од најважните нивни натпревари во историјата.

„Ќе го играме можеби еден од најважните натпревари во историјата. Ако ја победиме Македонија, тогаш нашите шанси да играме на ЕП се 60% или 70%. Како репрезентација, подготвени сме за тоа. Мислам дека луѓето во Ван ќе не поддржат нас на овој важен меч. Ако трибините се полни, ќе се бориме да победиме и да ги израдуваме навивачите и цела Турција“, вели Халај.

Натпреварот меѓу Турција и Македонија се игра денеска во Ван со почеток во 16:00 часот, а ќе го судат Бркиќ и Јусуфхоџиќ од Австрија.