Го елиминираа Еурофарм Пелистер, сега на Ф4 ќе го предизвикаат бранителот на тронот!

Денеска се одржа ждрепка за завршниот турнир во Лигата на Европа што ќе се одржи во „Алтиче Арена“ во Лисабон.

Домаќинот Бенфика ќе се соочи со полскиот вицепрвак Висла Плоцк, додека бранителот на титулата Магдебург ќе игра против големото изненадување Нексе Нашице.

Нексе во осминафиналето го елиминира Еурофарм Пелистер, додека во четвртфиналето беше подобар од данскиот ГОГ Гудме.

Натпреварите од завршниот турнир од ЛЕ ќе се одиграат на 28 и 29 мај.