Гостите имаа свој суперлигашки ден, вчера сите си заминаа со бодови

Со оглед на тоа што Групата А од Супер машката лига е во пауза остануваат на терен засега само тимовите кои се натпреваруваат во Групата Б, а таму беа одиграни натпревари од 3. коло.

Немаше ништо непредвидено и на сите натпревари славеа гостинските екипи. Прилеп одигра сигурно и дојде до првите бодови против составот на Работнички. Со пет гола разлика беше обезбеден првиот триумф сезонава така што екипата покажа дека ќе има што да демонстрира на паркетот до крајот на сезоната.

Што се однесува до другите екипи Бутел Скопје беше и пред средбата голем фаворит против ГРК Тиквеш и тоа го оправда на теренот.

Еурофарм Пелистер 2, пак, само потврди дека сезонава има квалитет да парира на секого и оттаму ќе има уште бодови за освојување и ќе има надигрување.

Следното, 4. коло е игра в понеделник, а поради тоа што Металург во вторник игра натпревар од Лигата на Европа колото нема да биде комплетно туку ќе бидат одиграни само две средби.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГРУПА Б, РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ПРИЛЕП             29:34 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ    22:25 (ИЗВЕШТАЈ)

МЛАДОСТ 1977 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2            22:30 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ БЕШЕ СЛОБОДЕН

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ПОНЕДЕЛНИК, 21 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ

20:00ч

ПРИЛЕП – МЛАДОСТ 1977

ЧЕТВРТОК, 24 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ

БУТЕЛ СКОПЈЕ е слободен

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119