Горбок се врати во Скопје – навивачите му направија изненадување (ВИДЕО)

Сергеј Горбок беше неколку сезони бел од Вардар, но и покрај тоа што сега е тренер во Русија во составот на Виктор Ставропол, неговото семејство остана тука да живее, а тој често е на релација Москва – Скопје. Сега се врати повторно во Македонија, а тука го чекаше изненадување.

Неговите пријатели и оние што постојано го бодреа од трибините му направија изнeнадување за неговиот 40 роденден.

Местото на прославата беше ресторанот „Велчево меанче“, а организаторот на забавата популарниот Ждаре кој слични забави правеше и во чест на другите вардарови ѕвезди како Чупиќ, Карачиќ, Циндриќ и Дибриов.

Покрај тортата, дувањето свеќички и песните на прославата беа и повеќемина негови соиграчи од времето кога беше дел од Вардар, па и од семејството на Вардар како фудбалерите Влатко Гошев и Жарко Серафимовски.