Горан Јовановски има нов клуб во Германија

Некогашниот среден бек на Пелистер и Вардар 2, Горан Јовановски има нов клуб во Германија.

Тој минатата сезона беше дел од тимот на Шуторф кој немаше поголемми амбиции, а сега потпиша договор со тимот на Лух Обернбек.

Јовановски и новиот тим одиграа десет натпревари во подготвителниот период и сите ги добија, а нашиот интернационалец беше меѓу најдобрите стрелци.

Средниот бек потекнува од школата на легендарниот Боро Чурлевски, пред да замине во Скопје, во тимот на Вардар 2 што беше предводен од Зоран Петковски и играше во Првата лига, а потоа беше дел и од битолски Пелистер, од каде што замина во Германија.