Горан Кузманоски е нов тренер на Бутел Скопје!

Како што неодамна најави 24Ракомет, некогашниот успешен македонски репрезентативец, а сега успешен стратег Горан Кузманоски, ќе го води тимот на Бутел Скопје.

Кузманоски, кој во играчката кариера настапуваше во Македонија, Италија, Шпанија, Шведска, Португалија и Романија, потпиша договор на две сезони.

Тренерската кариера започна да ја гради во Романија, а во Македонија ги водеше Прилеп и Скопје.

„Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Суперлигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим“, вели Кузманоски.

Откако ќе биде комплетиран играчкиот ростер, клубот ќе го објави планот на подготовки пред стартот на новата сезона.

Горан Кузманоски е тренерска желба на Бутел