Гол на годината: Голман одбрани зицер, топката заврши во противничкиот гол (ВИДЕО)

Натпревар во една од пониските лиги во Шпанија донесе момент за паметење и гол кој сигурно може да конкурира за погодок на годината.

Голман на тимот на Кордоба успеа да одбрани зицер и притоа успеа дури и да постигне погодок. Противникот играше со ракометар плус во нападот, а тоа го чинеше многу бидејќи покрај промашениот шут примија и гол.

Топката при одбраната на зицерот заврши во празниот гол на противникот. Погледнете!