Голужа: Немаме илузии дека може да го победиме Вардар

Тимот на Татран Прешов не игра на посакуваното ниво оваа сезона и има три порази во Лигата на шампионите, но во регионалната СЕХА има две победи и еден пораз. Тренерот Славко Голужа има проблеми со повредени ракометари.

„Она што мораме да го направиме против Вардар е да го дадеме најдоброто од себе. Имаме тежок распоред и многу проблеми со повреди и болести, па немаме илузии дека ќе го победиме Вардар. Тие исто така доаѓаат по тежок меч со Запорожје, па тоа може да биде предност за нас. И покрај проблемите и лошите резултати, не се откажуваме и ќе се обидеме да се бориме против нив“, вели Голужа.

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Вардар се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.