Голманот Давид Брестовац – МВП на мечот против Украина

Машката младинска репрезентација на Македонија стартуваше со реми со Украина, 23-23 на ЕХФ шампионатот во Варна.

По крајот на натпреварот, ЕХФ го прогласи голманот Давид Брестовац за МВП на мечот. Брестовац бранеше во поголем дел од натпреварот и успеа да одбрани осум удари на ривалот (33% успешност).

Од украинскиот состав, наградата за МВП на натпреварот ја доби бекот Микита Литвиненко, кој постигна пет погодоци против Македонија.

Македонските младинци утре ги чека нов предизвик на ЕХФ шампионатот, ќе се соочат со селекцијата на Косово од 18:00 часот.

Драма во Варна: Македонија се врати од бездна и освои бод против Украина!