Голманот Ацевски е ново засилување во Прилеп

Екипата на Прилеп продолжува да го составува тимот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Ново засилување во Прилеп е голманот од Јуниор КВ, Давид Ацевски, кој заедно со Иван Ангелески ќе ја дели минутажата меѓу стативите.

Младиот голман ќе има одлична можност да стекне уште поголемо искуство со настапите во Супер лигата.

Раководството на клубот и Ацевски се договорија на соработка, која ќе биде со важност од две години.

Прилеп претходно се засили со левиот бек од Струга, Никола Цветаноски и кружниот напаѓач од Радовиш, Томче Трајчевски.

Ракометарите на Прилеп во регуларниот дел од новата сезона за ривали во елитата ги имаат Пролет, Вардар, Мулти Есенс, Голден Арт, Вардар Неготино, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.