Големо е срцето на вардарци – поддршка за Кинтана кој се бори за живот! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар уште еднаш покажаа дека имаат големо срце. На загревањето се појавија во маички со поддршка за Алфредо Кинтана.

Португалскиот голман се наоѓа во вештачка кома во болница по срцевиот удар што го имаше во понеделникот наутро.

Иако низ некои португалски медиуми се појавија вести дека Кинтана ја загубил најважната битка, сепак тој се уште е во кома и се бори за живот.

Вардарци во овие моменти го играат натпреварот против норвешкиот првак Елверум.