Големи промени во украинскиот првак: Мотор се ослободи од три пикери!

Украинскиот шампион Мотор Запорожје во новата сезона ќе има многу измени во играчкиот кадар.

Тимот предводен од литванскиот стратег Гинтарас Савукинас, во еден ден се ослободи од тројца кружни напаѓачи.

Станува збор за Матеуш Кус чиј договор нема да биде продолжен, како и оној на Дмитро Дорошчук. Полјакот се враќа во татковината и ќе игра за Калиш, а следната дестинација на Дорошчук не е позната.

Раководството на тимот исто така планира да се ослободи и од Павло Гурковски, кој би требало да оди некаде на позајмица.

Двојката на пивотменската позиција во иднина ќе ја сочинуваа белоруските репрезентативци Максим Бабичев и Вјачеслав Бохан.