Големи и мали: Кристопанс и во Мелсунген ќе го има „Стеинс“ (ФОТО)

Бундеслигашот Мелсунген денеска ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот на Роберто Парондо е засилен со неколку имиња.

Меѓу нив и десниот бек Даинис Кристопанс, како и организаторот на играта од Шпанија – Ерик Баленсиага.

Германскиот тим денеска објави интересна фотографија со двајцата новаци – „џинот“ Кристопанс и „малиот“ Баленсиага.

Летонецот е висок 215 сантиметри, додека Шпанецот е само 168 сантиметри, а разликата меѓу нив е скоро половина метар.

По ПСЖ, каде што Кристопанс играше со Лук Стеинс и во Мелсунген ќе има слично друштво.