Голема е љубовта кон клубот – плаќаат по 40 евра за да има нивна слика на трибините

Натпреварот на неделата од Лигата на шампионите меѓу Кил и Барселона се играше без публика во „Вундерино Арена“.

Сепак на трибините имаше 600 макети на дел од навивачите кои посакаа да бидат дел од мечот на таков начин.

Една таква макета чинеше 40 евра и симпатизерите на „зебрите“ на тој начин сакаат да му помогнат на клубот.

Кил е еден од најбогатите клубови во светот, но поради коронавирусот и тоа што нема публика на натпреварите и приходи од влезници, со различни акции се обидува да го пополни буџетот.