Големата надеж на Србија испратен од Висла Плоцк на позајмица во Бргенц

Еден од најталентираните ракометари од Србија, Урош Митровиќ, откако не успеа да се избори за место во Висла Плоцк, во остатокот од сезоната ќе настапува за друг клуб.

Српскиот вундеркинд на почетокот на месец октомври минатата година потпиша за Висла Плоцк и со раководството на клубот се договори на соработка до 2024 година.

Сепак, не добиваше голема минутажа, посебно на натпреварите од полскиот шампионат, па челниците на клубот решија да го испратат на позајмица во Брегенц каде што ќе настапува до крајот на оваа сезона.

Митровиќ својата кариера ја започна во школата на Врбас Петрол, а во 2017 година беше избран меѓу најдобрите спортисти во својот роден град (Врбас). Од Црвенка направи трансфер во полскиот вицепрвак, но не успеа да се наметне меѓу стандардните ракометари.

Митровиќ е третиот ракометар од Висла Плоцк, кој ќе настапува на позајмица, по искусните Давид Фернандез и Миколај Чаплински, кои за поголема минутажа беа испратени во Адемар Леон, односно Торелавега.