Голден Арт 2 со победничко деби, му даде 47 гола на Астраион!

Тимот на Голден Арт 2 имаше победничко деби во Првата лига, откако на домашен терен без поголеми проблеми славеше против составот на Астраион од Струмица со убедливи 21 гол разлика, 47-26.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога избраниците на Филип Глигоров направија залиха од 12 гола, 25-13.

Откако стана јасно кој ќе слави на овој дуел, во вториот дел се измешаа поставите, шанса добија сите ракометари, но тоа не се одрази на резултатот и Голден Арт 2 сао рутински го доврши мечот.

Најдобри стрелци кај победникот беа Кристијан Стаменковиќ и Петар Стојаноски со по осум гола, а шест постигна Бојан Гилев. Кај Астраион се истакна Васко Стојанов со седум погодоци.