Голден Арт продолжува да собира бодови, леснo до нови и против Куманово

Ракометарите на Голден Арт продолжуваат со одличниот ритам и со освојувањето на бодови во Првата машка лига, а денеска го совладаа составот на МРК Куманово на домашен терен со 36:23.

После ремито на дербито против Алкалоид и победата против Партизан во Купот на Македонија сега одработија нов мирен натпревар на кој беа во предност во поголемиот дел од времето.

Почетокот беше интересен. Гостите поведоа со 2:0, но домашните брзо се вратија во ритам. Сепак, до средината на првиот дел беше интересно и двете екипи беа рамноправни.

При 8:9 дојде до 3:0 за Голден Арт и тука веќе почна да биде кршен отпорот на противникот. До крајот на првиот дел беа обезбедени плус седум и 19:12.

Вториот дел од натпреварот беше со целосна контрола на домашните. Голден Арт знаеше како да ја зачува предноста и да ја зголеми до дури 13 погодоци за да стигне до триумф од 36:23 и нови бодови со што трката за првото место во Групата Б од Првата машка лига продолжува.

ГОЛДЕН АРТ – МРК КУМАНОВО              36:23 (19:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ГОЛДЕН АРТ: Даскалоски, Василевски, Ацев, Колоски 1, Глигоров, Даев 3, Гучески 4, Стаменковиќ 2, Пасковски 1, Димитров 5, Стојаноски 1, миланов 3, Илиев 9, Зафировски, Дрпљанин, Гајиќ 7

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.

МРК КУМАНОВО: Кимевски, Димитријевски, Б. Цветковски, Димитров 3, Кузмановски, Д. Цветковски 2, Бошковски 1, Тасевски 5, Георгиевски, Миладиновски 2, Петковски 3, Димовски 1,  Димковски, Даневски 2, Трајчевски 4.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.