Голден Арт КЛ7 во интересен натпревар славеше над Скопје

Тимот на Голден Арт КЛ7 го совлада прволигашот Скопје во израмнет и до крај драматичен натпревар со 28-27.

Првото полувреме избраниците на Андријана Будимир го добија со два гола разлика, 11-13.

Сепак во вториот дел, Голден Арт КЛ7 заигра подобро, и ја презема контролата на теренот, но славеше само со еден гол разлика, 28-27.

Избраниците на Игор Котевски во четврток ги очекува натпревар од елиминациската фаза во Купот на Македонија против екипата на Партизан Гевгелија, а тимот на Скопје во истото натпреварување ќе гостува кај Младост во Богданци.