Голден Арт вторпат подобар од Вардар Неготино

Во третиот подготвителен натпревар за натпреварувачката сезона 2022/23 Голден Арт, денеска, ја забележа втората победа против ист противник, Вардар Неготино, овој пат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, со резултат 33:28 (17:11).

Избраниците на Никола Матлиески до крајот на сезоната ќе одиграат уште неколку контролни натпревари, а следен ривал во подготвителниот период ќе биде екипата на Бутел Скопје, која во изминатата сезона заврши на 3. позиција во домашниот шампионат.

Голден Арт и Вардар Неготино во новата сезона ќе играат во македонската елита. Екипата на Голден Арт по една година пауза експресно се врати меѓу најдобрите тимови на домашна сцена, додека Вардар Неготино чешаке повеќе од 20 години да избори суперлигашки статус.

Ракометарите на Голден Арт во Суперлигата ќе играат во групата Б заедно со екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Радовиш, Скопје, Пролет, Тиквеш и Јуниор КВ.

Неготинци во регуларниот дел од сезоната ќе играат во групата А. Ривали на Вардар Неготино се екипите на Вардар, Бутел Скопје, Прилеп, Струга, Куманово, Охрид и Алкалоид.