Голгетерот од трета смена – од работа оди на натпревар и пак е најдобар стрелец

Клупскиот ракомет во Србија не е на највисоко ниво, па голем дел од играчите аматерски се занимаваат со спортот. Еден од нив е Ненад Недељковиќ кој освен што насапува за Рудар Костолац, работи и во термоелектрана.

Недељковиќ е најдобар стрелец во екипата и еден од најзаслужните за одличниот старт на тимот во првенството со четири победи. Тој е втор стрелец во лигата, а на натпреварите доаѓа директно од трета смена, но тоа не е пречка да игра добро.

Средниот бек на Рудар игра одлично и многу ефикасно, на дуелот со Црвена Ѕвезда постигна 13 гола, а на следниот 10 гола што го прави втор стрелец во лигата на Србија. Недељковиќ во интервју за zurnal.rs објасни како успева да постигне работа во смени, тренинзи и натпревари.

„Интересно е што на сите четири натпревари отидов од трета смена. Волја, желба, елан како и да го наречам тоа, додека уживам во ракометот ништо не ми е тешко, се наоѓа енергија за сè. Вообичаено успевам да одам на еден тренинг дневно, кој може оди и на двата, носачите на игра работат постојано. Засега добро се балансираме. Години наназад се бориме за опстанок, а сега сме во врвот на табелата“, рече Недељковиќ.

Екипата на Рудар Костолац насапува во групата Б од првенството на Србија и по првите пет кола се наоѓа на втората позиција со четири победи и еден пораз. Недељковиќ е најдобар стрелец во лигата Б со 34 гола, а вкупно втор стрелец во првенството.