Година без трофеи: Немаше шампион и Куп победник, нема да има ниту Супер куп на Македонија

После три години годинава нема да биде одигран натпревар од Супер купот на Македонија, па исто како и последната сезона која финишираше без да има прогласување на шампион и сега нема да има нов освојувач на Супер купот. Оваа информација ја потврдија и од РФМ.

Во трите досегашни изданија екипата на Вардар го освојуваше пехарот откако прво го совлада тимот на Еурофарм Работник (сега Еурофарм Пелистер), а потоа две години по ред и составот на Металург.

Годинава Супер куп нема да има бидејќи не беше доиграна сезоната и не беше прогласен нов шампион. Воедно немаше ниту финиширање на Купот на Македонија така што нема освојувачи не пехарите и затоа за следното 4. издание ќе мора да се почека до следната година.

За потсетување како завршија првите три изданија на Супер купот можете да погледнете во продолжение.

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)

2017 (СКОПЈЕ)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК          30:25

Кристопанс 4, Кањелас 4, Шишкарев 4 – Ојлески 8, Мајнов 6, Чурлевски 5

2018 (СТРУГА)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    33:24

Дибиров 8, Кисељев 4, Скубе 4 – Димитриоски 4, Танкоски 4, Кузмановски 4

2019 (КУМАНОВО)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    26:24

Горбок 6, Дибиров 5, Калараш 4 – Додиќ 5, Јагуриновски 4, Поповиќ 3