Гогов: Веспрем прерано се одвои, не можевме да стигнеме

Голманот кој денескадебитираше во Лигата на шампионите, Васил Гогов доби можност и првпат да се појави на прес-конференција од најсилното европско клупско натпреварување.

„Честитки за Веспрем. Многу рано успеа да направи голема разлика. Ни направија предност која беше тешко да се стигне и покрај сите обиди. Се надевам дка кога ќе се комплетираме ќе биде далеку подобро и ќе бидеме многу поконкурентни“, изјави Гогов.

Тој денеска го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите. Бранеше 30 минути и имаше четири одбрани.