Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за групите во Лигата на Европа (ЛИНК)

Македонија ќе има два претставника во групната фаза од Лигата на Европа – Металург, кој стигна преку квалификациите и Еурофарм Пелистер, кој од претходно доби директно место во оваа фаза.

ЕХФ ги објави шеширите пред ждрепката што ќе се одржи денеска, а македонските екипи и покрај тоа што се во различни шешири, нема да може да играат меѓусебе со оглед на правилото на ЕХФ.

По два тима во Лигата на Европа имаат и Шведска, Русија, Германија и Франција.

Металург се наоѓа во шестиот шешир и сигурно нема да игра против Тримо, Кристијанштад и ЦСКА Москва, додека Еурофарм Пелистер е во третиот шешир и сигурно нема да игра против Чеховски Медведи, Татран Прешов и Бешикташ.

шешири пред ждрепката за групите од ЛЕ:

шешир 1: Адемар Леон, Ним, Магдебуург, Татабања
шешир 2: Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Алингсас
шешир 3: Еурофарм Пелистер, Чеховски Медведи, Татран Прешов, Бешикташ
шешир 4: Тулуз, Рајн Некар Левен, Фуксе Берлин, Монпелје
шешир 5: АОН Фиверс, Нексе Нашице, ГОГ Гудме, Спортинг Лисабон
шешир 6: Металург, Тримо Требње, Кристијанштад, ЦСКА Москва

Ждрепката започнува од 11:00 часот во седиштето на ЕХФ во Виена, а може да ја гледате на линкот во продолжение…