Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Швајцарија – Македонија (ЛИНК)

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра натпреварот од 2. коло од квалификациите за ЕП 2022, а ривал е селекцијата на Швајцарија.

После победата против Финска во Скопје ова ќе биде добра можност да се одигра уште еден добар натпревар и да се дојде до бодови кои ќе значат многу за продолжението од квалификациите и да се дојде на чекор од пласман.

Брестовац на овој дуел не можеше да смета и на Дејан Манасков покрај Танкоски, Поповски и Велковски, но има доволно квалитетни ракометари за да одговорат на потребното.

Натпреварот денеска се игра во Шафхаузен, а се очекува на трибините да има околу 100 гледачи, колку што се дозволени. Швајцарија ќе се обиде да го искористи домашниот терен, но и Македонија има што да покаже.

Средбата оди во директен пренос на МТВ, а доколку не сте пред ТВ приемниците натпреварот можете да го следите на некој од следните линкови…

ЛИНК 1

ЛИНК 2

ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за пренесување на натпреварите)