Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Пик Сегед – Вардар (ЛИНК)

Екипите на Пик Сегед и Вардар денеска го играат вториот меѓусебен дуел во Групата А од Лигата на шампионите, а ова им е дуел кој доаѓа само четири дена после претходнта пресметка во Скопје.

Средбата се игра во Унгарија, а тимот на Пик Сегед ќе биде со улогата на фаворит. Вардар кој е без Ристовски (повреда) и Вујин (си замина од клубот) ќе има тешка задача на оваа средба, но ќе се обиде да дојде до позитивен резултат.

Натпреварот може да донесе важни бодови и за едниот и за другиот тим така што за очекување е да има голема борба на теренот во текот на сите 60 минути.

Средбата почнува од 18:45 часот, а ќе оди со пренос на Македонската телевизија. Доколку не сте пред ТВ приемниците можете да го следите овој натпревар на некој од следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2