Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Ѓенѓеш и Бутел Скопје (ЛИНК)

Ракометарите на Бутел Скопје вечерва го играат првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Противник на македонскиот тим е унгарскиот Ѓенѓеш, а двете средби ќе бидат одиграни во Унгарија и тоа со публика.

Првиот натпревар во салата „Андраш Фејес“ започнува од 19:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК (линкот ќе биде активен пред стартот на натпреварот, а претходно ќе мора да се регистрирате на сајтот).

Реванш натпреварот се игра утре од 18:00 часот.