Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Бутел и Ѓенѓеш (ЛИНК)

Тимот на Бутел Скопје се наоѓа пред елиминација од Лигата на Европа по високиот пораз од 13 голови, 34-21, на првиот натпревар од унгарскиот Ѓенѓеш.

Поради ситуацијата со коронавирусот, двата натпревари се играат во Унгарија, па така вечерва Бутел ќе биде домаќин во салата „Андраш Фејес“.

Тренерот Кристијан Грчевски се реши во ростерот да бидат истите ракометари од вчерашниот двобој, а од комбинација испаднаа Стефан Стојчевиќ и Марио Миланов.

Денешниот натпревар започнува од 18:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК (линкот ќе биде активен пред стартот на натпреварот, а претходно ќе мора да се регистрирате на сајтот).