Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Финска (ЛИНК)

Машката репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Прв ривал на избраниците на Данило Брестовац ќе биде селекцијата на Финска, која во Скопје дојде без најдобриот играч, средниот бек Нико Ронберг.

Ниту Брестовац не беше без проблеми, поради коронавирус остана без тројца играчи – Танкоски, Поповски и Велковски.

Сепак на помош дојдоа Георгиевски и Маркоски, па составот на Македонија не претрпе многу измени.

Натпреварот меѓу Македонија и Финска започнува од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе го судат Русите Пављуков и Ершов.

Можете да го гледате на некои од следните линкови…

ЛИНК 1

ЛИНК 2

ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за пренесување на натпреварите)

ЛИНК 4