Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Луксембург (ЛИНК)

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот меч од двата за пласман од петто до осмо место на ЕХФ шампионатот во Варна.

Ривал е Луксембург, а составот на нашата селекција ќе биде истиот што настапи и на последниот дуел против Швајцарија.

Надвор од комбинација остануваат Божидар Илиески, кој се повреди на средбата против Романија и Марио Стојановски.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург стартува од 11:30 часот, а ќе го судат Естонциите Кул и Тинт. Може да го гледате ТУКА или ТУКА.