Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Швајцарија (ЛИНК)

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Варна.

Со оглед на триумфот на Романија над Украина со 33-25, Македонија веќе нема шанси за место во полуфиналето и ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.

Селекторот Бранко Ангеловски за овој натпревар направи една измена во ростерот. На местото на Божидар Илиески, во составот ќе биде Томислав Димковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија стартува од 14:00 часот, а може да го гледате ТУКА или ТУКА.