Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Грција (ЛИНК)

Репрезентативците на Македонија во кадетска конкуренција денеска ќе го имаат првиот натпревар на ЕХФ шампионатот со почеток во 20:30 часот.

Овој дуел значи старт за кадетите на овој турнир на кој целта е првото место. Оттаму ќе биде доста интересно и се очекува да се види како момците ќе функционираат на теренот и како ќе се снајдат на почетокот на натпреварите.

Денешниот натпревар против Грција ќе го судат Давид Моњо Ортега и Мигел Мартин Сорија Фабијан од Шпанија. Делегати се Искендер Асгаров од Азербејџан и Томо Водопивец од Словенија. Натпреварот може да се гледа на следниот ЛИНК.

*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.