Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Босна и Херцеговина (ЛИНК)

Репрезентативките на Македонија до 19 години го имаат првиот испит на ЕХФ шампионатот кој започна денеска.

Првиот противник е селекцијата на БиХ, против која ќе бидат одмерени силите со почеток во 20:30 часот.

Сите натпревари на младинската женска репрезентација ќе се играат во истиот термин во СЦ „Јане Сандански“.

Вечерашниот дуел против БиХ ќе го судат Романците Митраче и Пирвиу, а може да го гледате на следниот ЛИНК.

*претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.