Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Вардар – Струга (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар ја пречекуваат екипата на Струга во рамки на последното коло од регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига. Ова е натпревар на кој Вардар е фаворит за победа, а со триумф сигурно ќе стигне до првото место и шест бода за пренесување во плеј-офот. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“, а почнува од 12 часот.