Гледајте го во ЖИВО натпреварот Астраион – Радовиш (ЛИНК)

Струмица одново ќе  може да следи суперлигашки ракомет, а гостин на првиот натпревар во сезоната е составот на Радовиш. Астраион пречекува тим кој е меѓу кандидатите за плеј-оф така што е сосема извесно дека ова ќе биде интересен натпревар.

Ракометарите на тимот од Струмица ќе сакаат да стартуваат со добар резултат, но ќе мора да го покажат најдоброто после подготовките. Противникот е добар за докажување и тоа е шанса да се види добра игра.

Овој дуел стартува од 20:30 часот, а можетедаго следите на линкот во продолжение.