Гледајте во ЖИВО: Македонија – Турција (ЛИНК)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Германија.

Последен ривал на избраниците на Кире Лазаров е репрезентацијата на Турција, која во Скопје ќе атакува на позитивен резултат, со цел да влезе во кругот на најдобрите третопласирани репрезентации и да обезбеди настап на континенталниот собир.

Македонија практично има обезбедено учество на Европското првенство и со победа над Турција ќе го потврди второто место во квалификациската група.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција ќе започне со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.