Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Данска (ЛИНК)

Женската младинска репрезентација на Македонија денес ќе ја брка првата победа на Европското првенство, кое се одржува во Романија.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска во првото коло беа поразени од Црна Гора со четири гола разлика, 33:29.

Денешен ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Данска, која е еден од фаворитите на Европското првенство.

За Македонија дуелот со Данска ќе биде мотив повеќе да се даде максимумот и да се дојде до изненадување, со оглед на тоа дека скандинавската земја е светски вицепрвак.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска ќе стартува со почеток од 16:30 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.