Гледајте ВО ЖИВО: Алборг – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе се соочат со Алборг во рамки од второто коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион по поразот од Колстад во првото коло, ќе се обиде да се покаже во подобро светло против данскиот вицепрвак.

Алборг сезоната во европската елита ја стартуваше со победа, беше подобар од Келце.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во „Шпаркасен Арена“ со почеток од 20:45 часот.

Пренос од овој дуел ќе има на МТВ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља, додека делегат ќе биде Сигурдсон од Исланд.