Глеб Калараш пред камбек во Бундес лигата

Рускиот интернационалец Глеб Калараш по заминувањето од Вардар најверојатно ќе направи камбек во Бундес лигата.

Тој е пред потпис со тимот на Балинген, а бундеслигашкото друштво нема да биде ново за Калараш.

Русинот пред доаѓањето во Скопје беше дел од составот на Магдебург, па нема да му биде потребно многу време за адаптација.

Калараш мина три сезони во „црвено-црниот“ дрес, освои една титула во Лигата на шампионите и една во регионалната СЕХА лига, како и две двојни круни во Македонија.

Беше поврзуван со трансфер во Веспрем, но тој не беше реализиран, а покрај за Вардар и Магдебург, Калараш беше дел од составите на Нева Санкт Петербург и Мотор Запорожје.