Гласот на Металург замина во легендите – почина Горан Станковиќ

Уште една трагедија го потресе македонскиот ракомет, кој повторно е завиен во црно по смртта на Горан Станковиќ.

Поранешниот ракометар, а сега ракометен работник, ја загуби најважната животна битка и почина на 50 годишна возраст.

Долги години беше дел од раководството на тимот на Јуниор Кисела Вода, а претходно беше најавувач на натпреварите на Металург во Автокоманда и СЦ „Борис Трајковски“.

Со неговите легендарни коментари публиката добиваше импулс, салата се претвораше во вулкан во кој многу европски екипи „изгореа“.

Станковиќ, освен во ракометните кругови, успешно „пливаше“ и во музичките води.