„Ги советувам сите да одат во странство, но не на Балканот“

Рускиот ракометар Глеб Чернов минатата година направи пресврт кога од екипата на Уфа и замина да настапува во првенството на Босна и Херцеговина за екипата на Слога Добој.

Во интервју за „Брз Центар“, Чернов меѓудругото зборуваше за можностите кои ги имал пред пандемијата за трансфер во Шпанија кога имал понуда од Ваљадолид и тренерот Писонеро. Исто така Чернов вели дека препорачува секој да оди во странство да игра, но не на Балканот.

„На почетокот игравме добро, бевме и први на табелата, но после паузата во јануари загубивме неколку натпревари и имавме многу повреди. На крај сме трети, а 90% причина за тоа се финансиските проблеми. Затоа што не се иплаќаат плати локалните ракометари работат, а некогаш се случуваше заради работата да недостасуваат по двајца или тројца на тренинзите.

Чернов на крајот на сезоната си замина од Слога а причината е повеќе од јасна бидејќи подолг период ракометарите немаа земено плата.

„Имав понуда од Писонеро за во Ваљадолид но тоа беше пред короната, сега во игра се три клуба и сигурно ќе си змаинам од Слога. Тука сите молчат иако не земаме плата никој не се буни. Сите ги советувам да одат да играат во странство, но не на Балканот. Дури и во најпознатите клубови како Загреб има финасиски проблеми“, рече Чернов.

Русинот претхнодо во својата кариера има настапувано и за Уфа и Динамо Астрахан.