Ги има сè повеќе: Македонските репрезентативци кои облекоа „црвено-црно“ (ФОТО)

За време на паузата поради коронавирусот дресот на Вардар го облекоа неколку македонски репрезентативци, па сега бројката на играчи е одново поголема и може да се спореди со онаа на интернационалците што беше случај во минатите неколку години.

Тенденцијата во Вардар да доаѓаат ракометари кои се репрезентативци на Македонија почна во февруари кога Борко Ристовски потпиша за Вардар, што практично беше враќање после неколку години играње надвор.

Исто така се врати и Марко Мишевски, а во последните месец-два во клубот дојдоа уште неколку ракометари, кои се македонски репрезентативци.

Нови играчи се Гоце Георгиевски, Филип Талески, Томислав Јагуриновски…. Тука се уште неколку кои играа и лани: Стојанче Стоилов, Димитар Димитриоски, Марко Кизиќ, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски… со што бројката на сениорски и младински репрезентативци е сè поголема во Вардар.