Гисласон го продолжи договорот – ќе ја води Германија до 2024 година!

Германскиот селектор Алфред Гисласон го продолжи договорот со Германскиот ракометен сојуз и ќе остане на чело на националниот тим до 2024 година.

Без разлика на исходот од Европското првенство, челниците на Германскиот ракометен сојуз силно веруваат во плановите на Гисласон. За очекувањата од  Европско првенство, на кое Германија ќе настапи со млад состав, Гисласон е свесен за можностите на својот тим, но силно верува во добар резултат.

„Преговорите завршија и ќе бидам селектор на германската репрезентација до 2024 година. Сега не очекува Европското првенство. Имаме неискусен тим, но решени сме да се бориме уште од првиот натпревар, од првата секунда. Овие 19 ракометари се подготвени да се докажат. Знаеме дека воопшто не сме фаворити на турнирот, дури ни фаворити во нашата група. Тоа мора да го признаеме. Можеме без овој или оној играч. Но, сепак ние ја претставуваме Германија и германската Бундес лига“, изјави Гисласон за „Kieler Nachrichten“.

Германија на Европското првенство ќе стартува со натпреварите од Братислава. Таму во рамките од Групата Д за противници ги има селекциите на Австрија, Белорусија и Полска.