Гидсел за титулата најдобар стрелец: Таа не ми значи ништо!

Најкорисен ракометар на последниот Мундијал беше Данецот Матијас Гидсел. Десниот бек, иако релативно млад, беше лидер на својата репрезентација на патот кон златото.

По финалниот натпревар, Гидсел беше избран за МВП и за најдобар стрелец, но откри дека оваа награда не му значи ништо.

„Јас најдобар стрелец? Тоа не ми значи ништо. Кога стојам тука со пехарот, едниствена работа која ми паѓа на памет е дека играм со најдобриот ракометен тим во светот. Ги имам најдобрите играчи околу себе, со кои е лесно да постигнуваш голови.  Направивме нешто што на никого не му успеало. Имаше притисок, но знаевме за што сме способни. Во историјата имало многу одлични ракометари, но никогаш не освоиле титула на СП трипати во низа. Навистина треба да бидеме горди на себе“, изјави Гидсел за ТВ2.

Данците беа светски шампиони на СП во 2019 година на свој терен, потоа славеа и на Мундијалот во Египет во 2021 година, а сега беа крунисани и во Шведска. Следното СП во 2025 година се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, па ќе имаат нова шанса за четврта титула во низа.