Гигов доби познато друштво: ПАОК ангажираше и поранешен голман на Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Покрај голманот од Велес, Виктор Гигов следната сезона на голот на тимот на ПАОК ќе стои и поранешниот „чувар на мрежата“ на екипите од Битола, кои сега се еден клуб, Игор Арсиќ.

Се работи за искусен голман кој веќе има настапувано во Грција и тоа во дресот на Олимпијакос, а лани и во дресот на АЕК.

Има 31 година и потекнува од Крушевац, а во Македонија со успех беше дел од Пелистер и од Еурофарм Работник, кои сега се Еурофарм Пелистер.

Арсиќ во новата сезона ќе брани заедно со Гигов, па ова треба да биде доста искусна двојка која може да донесе квалитет плус во играта на ПАОК кој ќе се обиде да се избори за висок пласман во сезоната која доаѓа.