Гигов го однесе ПАОК до четвртфинале на Купот

Тимот на ПАОК од Солун, каде што брани македонскиот интернационалец Виктор Гигов, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на јужниот сосед на Македонија.

Во дуелот од осминафиналето на домашен терен, ПАОК предводен од Гигов беше подобар од составот на Врилисија со 42-27.

Во четвртфииналето веќе се пласираа Олимпијакос, Пилаја и Диомидис Аргус, а истото се очекува и од АЕК Атина.

Ова беше последна обврска за Гигов и ПАОК за оваа година, а следниот предизвик ќе го имаат на 14 јануари со мечот од првенството против Јоникос.