Гигов го „маѓепса“ голот на ПАОК, АЕК само до реми во Солун!

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, одигра реми со фавориираниот АЕК Атина во домашниот шампионат, 24-24.

Гигов блескаше на голот на тимот од Солун и го одбрани последниот удар на гостите со кој можеа да стигнат до полн плен.

ПАОК сега се израмни на првото место на табелата со АЕК Атина со по 11 бодови, додека Олимпијакос има 10 на третата позиција.

Компилацијата на одбрани на Гигов погледнете ја во видео прилогот…