Гигов го водеше ПАОК до победа, на чекор од нова рунда во Европскиот куп

Голманот Виктор Гигов уште еднаш одигра натпревар на ниво и го водеше тимот на ПАОК до победа од 28:25 против составот на Тенакс Добеле од Летонија.

Гигов имаше осум интервенции во победата на првиот натпревар од Европскиот куп на кој тимот на ПАОК обезбеди убава предност. И вториот дуел се игра во Солун така што е јасно дека ПАОК е пред пласман во следната рунда од натпреварувањето.

Во тимот на ПАОК добар настап имаше и поранешниот ракометар на Металург, Лука Стојановиќ, кој успеа да постигне пет гола, со кои беше втор стрелец во тимот кој победи.

Вториот дуел се игра в недела од 14 часот.