Германците се задоволни од Гисласон, ќе му биде продолжен договорот!

Раководството на Ракометната федерација на Германија има намера да го продолжи договорот со актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација Алфред Гисласон.

Иако стратегот од Исланд со своите избраници не успеа да обезбеди полуфинале на Светското првенство 2023, сепак, челниците од ракометната куќа од Германија се задоволни од прикажаниот настап.

Германија на Мундијалот во Полска и Шведска настапи без неколку искусни играчи и утре против селекцијата на Норвешка ќе игра за 5 место на шампионатот.

Ракометарите на Германија во групната фаза завршија на првото место, откако триумфираа против Србија, Алжир и Катар, потоа во главната рунда беа подобри од Аргентина и Холандија, а загубија од Норвешка, додека во четвртфиналето немаа доволно сили да ја изненадат Франција.

Гисласон во 2021 година го продолжи договорот со Ракометната федерација на Германија.

Тогаш двете страни постигнаа договор, кој ќе биде со важност до 2024 година, а тоа значи дека Гисласон и по 2024 година ќе ја предводи германската репрезентација.